Офицер од Армијата на Македонија создава историја

Во петокот, на 11 декември 2015 година, поручник Селма Биберовиќ (24) од Велес, стана првиот македонски офицер кој дипломирал на меѓународно признатата Кралска воена академија Сандхурст (КВАС) во Велика Британија. На парадата, како претставник на Нејзиното кралско височество, присуствуваше Принцот од Велс.

Исто така, на парадата во име на Вооружените сили на Република Македонија беше генерал мајор Мухамед Рацај, Заменикот началник на генералштабот, и полковникот Зоран Додевски од Генералштабот.

Сто четириесет промовирани офицери кадети, од кои 24 од прекуокеанските земји, вклучително и од Косово и Албанија. Парадата го одбележа завршувањето на 12 месеци на интензивна почетна обука за офицери од копнените сили.

Сите британските офицери од копнените сили ја завршуваат својата почетна обука во Сендхурст. Обуката се концентрира на лидерски вештини и ги подготвува офицерите за воени операции на тактичко ниво.

Офицерот кадет Биберовиќ, изјави: „Многу сум горда што сум првиот офицер од мојата земја кој дипломирал на Сандхурст. Курсот беше предизвик, но научив многу, и стекнав многу добри пријатели. Благодарна сум за ова единствено искуство за обука во Велика Британија.“

За време на посетата, генерал мајор Рацај се сретна со началникот на КВАС, генерал мајор Пол Нансон кој го информираше за обуката. Исто така, тој ги посети одличните капацитети на Академијата.

„Ова е значаен ден за Македонија и за нашите билатерални одбранбени односи со Велика Британија, но најважно е тоа што ова е голем ден за поручник Биберовиќ“ изјави тој. „Таа е одличен амбасадор на АРМ како наш прв офицер кој диполомирал на оваа престижна Воена академија.“

„Со нетрпение го очекуваме испраќањето на нови питомци на Сандхурст. Исто така сме многу задоволни што во јануари 2016 година, нашиот прв официјален претставник ќе започне со почетна обука за офицер на воздухопловните сили во Кралската академија на воздухопловните сили на Кранвел“, додаде тој.

Потполковникот Ричард Пери, Одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Скопје, рече: „Многу сум задоволен од успехот на поручник Биберовиќ и ѝ честитам. Таа се покажа како одличен пример и постави многу високи стандарди кои нејзините наследници на Сендхурс треба да ги достигнат.“

„Верувам дека таа научи многу и склопи доживотни пријателства со луѓе од целиот свет. Таа треба да се гордее со своите резултати и напорна работа. И посакувам се најдобрво во воената кариера која ѝ претстои“, додаде тој.