Незаконски извршила 165 промени на основач и управител во повеќе трговски друштва

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Б.С.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“, “надриписарство“, “оштетување или повластување на доверители“, “намерно предизвикување на стечај“ и “измама“.

Пријавената била управител на „Консалтинг Бошески“ ДООЕЛ Прилеп од 30.06.2010 година. Од ноември 2010 година континуирано до 20.03 годинава за надомест од 9.000 до 18.000 денари извршила 165 промени на основач и управител на трговски друштва, за кои уписи во Централен регистар на РМ, вршела врз основа на писмено полномоштво на сопственици и управители на правни лица- Друштва со ограничена одговорност, со блокирани жиро сметки, а со цел избегнување на плаќање на обврските сторени во текот на работењето кон разни доверители. Пријавената за паричен надомест давала правни услуги иако немала стручна квалификација за адвокат и им изготвувала Договори за пренос на удели и друга дополнителна документација (Договор за основање на трговско друштва, Изјави и сл.) неопходни за извршување на промени на оснивач и управител во трговскиот регистар при Централен регистар на РМ. Во самите договори наведуван е само износ на основачки влог кој само е евидентиран без притоа истиот да биде реално превземен од новите „стекнувачи на удели“, кој во најголем случај се несолвентни лица и лица кои набрзо по преземањето на фирмите се надвор од Р.Македонија. На лицата на кои е вршен преносот не им се прикажани податоци за фактичката финансиска состојба на фирмата, не им е прикажан изност на обврските на фирмата со што основачите и управителите на таквите фирми обврските од работењето со фирмите ги префрлаат на несолвентни лица и ги оневозможуваат доверителите да ги наплатат своите побарувања од вистинските должници, а воедно и ја избгнуваат забраната со која се оневозможува оснивање на нова фирма од страна на лице кое е основач или управител на фирма со блокирана жиро сметка.

На ваков начин на овие лица пријавената им овозможила непречено да продолжат со дејноста која претходно ја работеле без да ги платат обврските кон доверителите, но сега преку нови трговски друштва. Така пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од околу 1.650.000 денари кои приходи не ги пријавувала ниту преку фирмата (Консалтинг Бошески ДООЕЛ Прилеп) ниту како приходи на нејзино лично име како физичко лице, а воедно и ги оштетила лицата кои како нови оснивачи и управители на фирмите со блокирани сметки стануваат и должници на обврските.

Врз основа на наредба од Основен суд- Прилеп извршен е претрес во деловната просторија на Консалтинг Бошески ДООЕЛ Прилеп, при што беа пронајдени и одземени печати и штембили како и договори за пренос на удели од повеќете фирми на кои пријавената им ја извршила услугата. Голем дел од промените на оснивачи и управители над овие фирми кои се извршени и наплатени од пријавената, не се во евиденцијата доставена од Централен регистар на РМ. (за упис на промени врз основа на полномошно дадено на пријавената) со што противправната имотна корист на пријавената која ја остварила е уште поголема.