Музика и хуманост беа двете основни бои кои ги мешаа и комбинираа уметниците Петар Маркоски, Богдан Василевски , Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиноски и The Backdoor band, поткрепени со новогодишните сценски креации на Impact group, квалитетниот звук на ELBO, прекрасно модераторство на Ена Тунтева и отворените срца на бројната публика, на вчерашниот новогодишен хуманитарен концерт кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Полни два часа охридската публика уживаше, се забавуваше и ги потпевнуваше рефрените на познати македонски и светски евергрини и авторски песни, во прекрасна изведба на охридските музички уметници.
Црвен крст Охрид изразува благодарност до Центарот за култура „Григор Прличев“, до медиумите и до сите учесници на овој хуманитарен настан со чие одржување ќе се овозможи новогодишна радост да ги исполни срцата и на децата од ранливите категори од Охрид и Дебрца.