Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.591 странски државјани, од кои 1.128 се од машки пол, 540 се од женски, 910 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13 деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1142, Авганистан–857 и Ирак-592.
Во периодот од 19.06.2015 до 23.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 362.587 странски државјани, од кои, 198.558 се од машки пол, 60.464 се од женски, 85.524 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.041 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-204.367 потоа Авганистан-89.432, Ирак-47.347, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барањеза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.12.2015 година евидентирани се вкупно 27 баратели на азил од кои 16 мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.