Професионалните театри сезонава со поголем број на претстави и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2014/2015 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 5.6%, а бројот на посетителите е зголемен за
14.3% во однос на сезоната 2013/2014 година.

Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 222. Во периодот 2014/2015 година, во однос на периодот 2013/2014 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4.2%, а бројот на посетителите е намален за 7.1%.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 20.4%, а вкупниот број на посетителите
е намален за 7.6%.

Во периодот 2014/2015 година, во однос на периодот 2013/2014 година, бројот на концертите на Филхармонијата е намален, а бројот на посетителите е зголемен.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2014/2015, во споредба со 2013/2014, е
забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), и бројот на посетителите е намален.