Прво место за гимназијалците на Општинскиот натпревар во кошарка

На 23-ти декември во спортската сала „Билјанини извори“ се одиграа општинските натпревари во кошарка за средни училишта.

Во првиот натпревар силите ги одмерија „Гимназијалците“ и „Економистите“ и истиот беше финале пред финалето, а заврши со резултат 32:30. Во вториот натпревар се сретнаа екипите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во кој „Угостителите“ беа поуспешни со резултат 18:14.

Финалето го одиграа екипите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, а крајниот резултат беше 24:12. Екипата од Гимназијата ќе ја претставува општината на регионалните натпревари.