ДЗС: Намалена стапката на сиромаштија

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, во 2015 година ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштијата за 2013 и 2014 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Според податоците, во 2014 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.1%.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинства составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2014 година е 25.0%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9.8%, додека стапката на сиромашни пензионери е 8.4%.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 35.2%.