Во октомври потрошени 642.279 мегават-часови електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 642 279 МWh електрична енергија, 9.629 мил. nm3 природен гас, 433 055 тони јаглен и 90 171 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 62.1 % во бруто-домашната потрошувачка  на електрична енергија, додека 94.9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.