По донесената одлука за изградба на 65 мали хидроцентрали, досега целосно се изградени и ставени во функција 35, а пет ќе бидат завршени и пуштени во работа во јануари. Досега во изграбата на малите хидроцентрали се инвестирани околу 130 милиони евра.
Како што информираше денеска премиерот Никола Груевски во тек е изградба на уште 15 мали хидроцентрали кои треба да проработат во текот на наредната година, а уште 10 се подготвуваат со документација, проектирања …
„Можам да кажам дека досега од сите овие 40 изградени, во кои ги сметам и оние кои ќе бидат завршени до јануари се инвестирани 130 милиони евра. Секако додека се дојде до 65 изградени мали хидроцентрали бројката на инвестирани средства ќе биде значително поголема и ќе се движи до 200 милиони евра“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капитални едиции.
Додаде дека се очекува во овие мали хироцентрали да има најмалку 100 вработувања. Она што е значајно, а можеби и најзначајно, потенцира премиерот Груевски, е што тие ќе имаат свој сериозен придонес во електроенергетскиот систем на Република Македонија, а додека се градат имаат и сериозен продонес за градежниот сектор и компаниите…