СВР-Скопје, Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Ј.М. (64) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело “Телесна повреда при вршење семејно насилство“ предвидено и казниво по чл. 130/2 од КЗ на РМ.
Имено, во март годинава, Б.В., син на оштетената со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84 годишна мајка која е болна од Паркинсонова болест и деменција и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом и средства за егзистенција.
На 21 овој месец околу 00,30 часот на улица ,,Димо Хаџи Димов“ од страна на Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка – оштетената Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот. Откако го видел тоа, Б.В. се симнал на долниот кат, и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Горепријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.
Вчера во ПС ОН Кисела Вода горепријавената е лишена од слобода и со неа е извршен службен разговор.