Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.12.2015 издадени се потврди на вкупно 4.026 странски државјани, од кои 1.616 се од машки пол, 881 се од женски, 1.512 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -1.706, Ирак -1.233 и Авганистан –1.087.
Во периодот од 19.06.2015 до 26.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 373.303 странски државјани, од кои, 202.792 се од машки пол, 62.750 се од женски, 89.683 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.078 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-209.002 потоа Авганистан-92.183, Ирак-50.677, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 26.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.