Како последица на ниските температури постои можност за настанување на разни дефекти на водомерните броила поради што потребно е истите да се заштитат, велат од ЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Заштитата се врши се обвивање на водомерот со изолационен покров или покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол, стиропор и сл.)
Оттаму додават дека сопствениците на станови и куќи во кои не живеат постојано потребно е да го затворат вентилот пред водомерното броило и да ја испуштат водата од славините со што би се спречило пукање на цевки и слични дефекти.
МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид за Новогодишните и Божиќните празници има дежурни екипи кои за евентуални дефекти може да ги добиете на телефонските броеви: 046 250 121 и моб 075 212 901; 075 345 988.