Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, попладнево патува за Словенија каде со две тест-средби против домаќинот ќе ги продолжи подготовките за Европското Првенство што почнува на 15 јануари.
Селекторот Ивица Обрван за Словенија повика 21 ракометар, а за пријателските средби во тимот нема да бидат Златко Даскалоски и Мартин Велковски. По враќањето во Скопје, репрезентацијата ќе продолжи со тренинзи, а ќе следуваат и уште два натпревари против Црна Гора (10 и 11 јануари), по што селекторот ќе го соопшти и конечниот список за ЕП во Полска.
Нашата репрезентација во Словенија ќе одигра два натпревари против домашниот национален тим – во понеделник од 18:00 часот во Кршко и во вторник од 18:30 часот во Целје.