Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2016 година ќе ја започне со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 25 милијарди и 575 милиони денари. Овој буџет е за 1,4 милијарди денари повисок од минатата година, т.е. повисок е за 5,85%. Буџетот од околу 25,6 милијарди денари е двојно повисок во споредба со 2000та година е формиран фондот и кога изнесувал 12,5 милијарди денари, истакнаа на денешната прес-конференција директорите на ФЗОМ.
„За правилна и транспарентна распределба на буџетот изминатите два месеци имавме преговори со чинителите на здравствениот систем и методолошки го распределивме помеѓу ЈЗУ и ПЗУ. Изминатата година воведовме нова пракса, а тоа е дел од преговорите и договарањето на буџетите за 2016 година да биде дел во самите здравствени установи како и во ФЗО.
Фондот за прераспределбата на буџетот користеше повеќе параметри а тоа се:
1. анализите за реализација на буџетите во претходната 2015 година;
2. податоците од преговорите со здравствените установи;
3. планот за видот и обемот на здравствени услуги и новите методи и нови здравствени услуги за 2016 година кои ЈЗУ сами ги предлагаат;
4. Одржливоста на јавните здравствени установи.
Генералната прераспределба на средствата за 2016 година изгледа вака:
Расходи средства во 2016 година во 000 денари
Јавни здравствени установи 13,746,599
Приватни здравствени установи (од кои): 7,813,500
Матични лекари 2,785,000
Аптеки 2,480,000
Специјалисти и лаборатории 610,000
Дијализа 1,000,000
Инвитро 95,000
Кардиохирургија 705,000
Очна хирургија 65,500
Бањи 73,000
Лекување во странство 300,000
Ортопедски помагала 550,000
Рефундации 50,000
МАНУ 17,000
Надоместоци за породилно и боледувања 2.575.000
Административни расходи на ФЗОМ 573,078
ВКУПНО 25,575,177“ велат од ФЗОМ и додаваат:
„Процентуално поделбата на буџетот за 2016 година е следна: ЈЗУ ќе добијат 54% од буџетот на ФЗО, ПЗУ ќе добие 31 %, надоместоци за породилно и болест 10%, ортопедски помагала 2%, 1% лекување во странство, 2% за функционирање на Фондот( Плати, Возила, Капитални инвестиции и софтвер).
Во 2016 година во прераспределбата на средствата зголемуваме 860 милиони денари на Јавните здравствени установи со што му даваме сериозен поттик и поддршка на јавното здравство. Овие зголемени средства од 6,7% ги определивме за неколку сегменти и тоа за:
• Нови здравствени услуги со воведување на нови методи за лекување ;
• Зголемување на вид и обем на постоечки здравствени услуги.
• Финансиска одржливост на здравствените установи и потреба од финансирање за нивно функционирање.
• Новите вработувања на специјализиран кадар(трансформации и преземања од ПЗУ).
• Зголемување на Плати за определени категории на здравствени работници.
Поделбата на средствата во ЈЗУ согласно здравствената заштита изгледа вака:
Реден број ВИД НА ЈЗУ ДН за 2015 г ДН за 2016 г Разлика ДН 2016 и ДН 2015 Процент на зголемување %
1 ВКУПНО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИКИ 4.559.342.000 4.820.242.000 260.900.000 5,72
2 ВКУПНО КЛИНИЧКИ БОЛНИЦИ, ГОБ 8 ми Септември И ОПШТИ БОЛНИЦИ 4.263.100.000 4.631.500.000 368.400.000 8,64
3 ВКУПНО СПЕЦИЈАЛНИ БОЛНИЦИ 1.144.200.000 1.202.400.000 58.200.000 5,09
4 ВКУПНО ЗДРАВСТВЕНИ ДОМОВИ И СТАНИЦИ 2.036.398.000 2.129.598.000 93.200.000 4,58
5 ВКУПНО ИНСТИТИТУ И МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ 690.800.000 731.400.000 40.600.000 5,
88 6 ВКУПНО ЦЕНТРИ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ 192.900.000 211.100.000 18.200.000 9,43
7 ЈЗУ ПЕТ ЦЕНТАР 20.500.000 20.500.000
8 ВКУПНО ЈЗУ 12.886.740.000 13.746.740.000 860.000.000 6,67
Oваа година за прв пат одвојуваме средства за нова здравствена установа која е од огромно значење за македонскиот здравствен систем. Оваа година се очекува почеток на работата на пет центарот, а ние како фонд определивме почетен буџет за првично функционирање на пет центарот.
Зголемувањето на буџетите на ЈЗУ е стимулирачки и мотивирачки со цел да се пружаат поголем обем на здравствени услуги а воедно и да обезбедат поквалитетни здравствени услуги. Зголемувањето на средствата е условено со зголемување на бројот на хируршки интервенции кај клиничките и општите болници, со цел да се намали препраќање на пациенти во Скопските Клиники. Клиниките се условени со пружање на нови здравствени услуги и нови методи на работа а воедно и зголемување на видот и обемот на постојните здравствени услуги. Би сакале да ги истакнеме дел од зголемувањата во ЈЗУ а тие се следните:
ЈЗУ за Кардиологија има зголемување од 19,4 милиони денари и вкупен буџет од 342,4 милиони денари;
ЈЗУ за Неврохирургија има зголемување од 9,9 милиони денари и вкупен буџет од 122,9 милиони денари;
ЈЗУ за торакална и васкуларна хирургија има зголемување од 6,9 милиони денари со вкупен буџет 112,4 милиони денари;
ЈЗУ ТОАРУЦ има зголемување од 49,4 милиони денари со вкупен буџет од 443,9 милиони денари;
ЈЗУ Хематологија има зголемување од 19,9 милиони со вкупен буџет од 247,4 милиони денари;
ЈЗУ за Онкологија има зголемување од 24,4 милиони денари со вкупен буџет од 576,4 милиони денари.
Сите клинички Болници(Штип,Битола и Тетово) добиваат зголемување од 69,7 милиони денари со вкупен буџет од 1 милијарда и 401 милиони денари;
Од Болниците ги одвојуваме ЈЗУ 8-ми септември со зголемување од 68,9 милиони денари и вкупен буџет од 829,9 милиони денари;
ЈЗУ ОБ Куманово со зголемување од 48,4 милиони денари и вкупен буџет од 371,4 милиони денари.“– додаваат од ФЗОМ.
Буџетот до 1,4 милијарди денари (540 милиони денари) се прераспределува за повеќе лекови на рецепт и поголема достапност на лекови по аптеките, Зголемен број на дијализни третмани, Поголем број на ин-витро случаи како и покривање на партиципацијата за ин-витро за пациентите (од 13.11 комплетно бесплатно) како и обезбедени средства за матичните лекари и стоматолози за зголемената вредност на катипацијата.