Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека денес поради дефект на главна водоводна линија ф 160 мм на ул. „Стив Наумов“ во непосредна близина на ОУ „Братство Единство“, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Стив Наумов“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, дел од улицата „Абас Емин“ и дел од улицата „Крали Марко“, од овој момент па се до отстранување на дефектот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.