Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2016 година (среда), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.
Исто така, Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 7 јануари 2016 година (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.