Водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности ЛК Охрид новата 2016 година ја започна со крводарителска акција под мотото „БИДИ ЛАВ ПОДАРИ ЖИВОТ“, во која учествуваа членови на клубот, нивните фамилии и пријатели.
Акцијата годинава се организира за прв пат, а ќе трае до 14-ти јуни кога се одбележува Светскиот ден на крводарителството.
„Се повикуваат и останатите Лајонс клубови од Охрид и заинтересираните граѓани кои кои сакаат да земат актвивно учество, да се обратат во заводот за трансфузиологија во Охрид, со цел да дадат поголем придонес во масовноста и актуелноста на настанот.“- велат од Клубот.
Лајонс клубот Охрид ќе се потруди акцијата „БИДИ ЛАВ ПОДАРИ ЖИВОТ“ да стане една убава традиција која ќе помогне да бидат спасени уште многу животи и која од година во година уште повеќе ќе ја зголемува свесноста кај граѓаните на Охрид за потребата од редовно донирање на крв.