Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат обилни врнежи од дожд за утре попладне. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.
Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата. На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.
Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.
Преодно стабилизирање на времето со благ пораст на дневната температура ќе има в петок и сабота.
Извор: Нет Прес