Охриѓани кршеле стакла на светлечки реклами

Вчера во 02:00 часот во СВР Охрид, лице од приватно обезбедување пријавило дека непознато машко лице по улицата „Димитар Влахов“ вршело оштетување на реклама и стакло. Двајца полициски службеници излегле на местото на настанот и ги забележале лицата Љ.Ѓ. (57) кој бил со шипка во раката и Ѓ.Ѓ. (27).

Кога полициските службеници се доближиле до двете лица истите ги турнале и физички ги нападнале. По кратко време Ѓ.Ѓ. бил совладан, додека Љ.Ѓ. успеал да избега. Од страна на службените лица Ѓ.Ѓ. најпрвин бил однесен во МЦ Охрид (се здобил со повреди при вршење на оштетувањата) за укажување лекарска помош. По укажаната помош Ѓ.Ѓ. бил задржан во ПС, додека Љ.Ѓ. само иницијативно се пријавил во СВР Oхрид.

Направен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.