Македонската филхармонија во Македонскиот народен театар изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски Ѓумар.
Оркестарот отсвири дел од најубавите композиции на руската класична музика свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски.
Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма. Божикен концерт „10 години Божик слава“ синоќа традиционално одржа и Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје.