Груевски: Откупот на тутун тече одлично со реална цена

Откупот на тутун тече одлично. Според информациите од терен постигната е реална цена околу 187 денари плус 60 денари субвенција по откупен килограм, истакна денеска премиерот Никола Груевски.

По посетата на охридскиот регион одговарајќи на новинарски прашања тој информира дека досега се откупени околу 8,5 милиони килограми тутун.

„Откупот тече релативно во најдобар ред. Сите октупни претпријатија што имаат лиценца вршат откуп, а инспекциите се на терен. Државата бурно ќе го следи процесот особено во делот на добивање реална цена за тутунот и реално вреднување на трудот на тутунопроизводителите. Засега работите одат во добар правец. Се надевам дека така ќе остане и до крај“, изјави Груевски.

Влада, како државата и службите, нагласи, до последен ден ќе останат будни во однос на реалната цена за тутунот.