Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6 622 042 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2014 изнесува 1.3%.
Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25.2%), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (17.7%) и трошоците за управување со отпадни води (16.0%).
Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12.8%.
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.
Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 44.5 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 55.5%.
Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во вкупните инвестиции во основни
средства изнесува 2.4%.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 895 501 илијади денари, односно 73.9%.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 31.5% се наменети за инвестиции, а 68.5% се за одржување на средствата.