Пази, одрон на фасада!!!

Вчера во нашата редакција пристигна писмо од наша читателка и наша сограѓанка која со видна возбуда запишала еден горлив настан од пред слаткарницата Корзо во охридската чаршија.

Писмото го објавуваме во целост и без изправки, а поентата и пораката ни е да упатиме апел до соспствениците или, пред се, до надлежните служби да проверат со колкава сериозност може да се случи не мала, туку и поголема несреќа . Еве што ни пишува нашата читателка!

„Околу 10 часот утрото гледајќи во излогот со накит, веднаш до слаткарницата Корзо, наеднаш осетив на главата земја. Се исплашив и кога гледам одрон од ѕидот. Малку фалеше да ме погодат од поголемите парчиња од фасадата. Апелирам до газдите на куќите да ги санираат овие пропусти, за да не дојде до трагедија.“– стои во дописот на нашата сограѓанка.

WebOhrid