8-годишнината од несреќата на армискиот хеликоптер одбележана кај катлановско Блаце

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството и Генералштабот на АРМ, со положување венци со свежо цвеќе кај катлановско Блаце ја одбележаа осумгодишнината од хеликоптерската несреќа во која животот трагично го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија.

На спомен обележјето свежо цвеќе положија и делегации од Кабинетот на Претседателот, како и членови на семејствата на загинатите припадници на АРМ.

DSC_1939_resize

Венци со свежо цвеќе од страна на делегации од Здружената оперативна команда и Воздухопловната бригада беа положени и пред спомен обележјето пред командата на Воздухопловната бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година на локација кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина.

DSC_1925_resize (1)