Во Охрид ќе се одбележи Денот на пожарникарите

Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици утре во 10:00 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20ти мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија.

Во 10:30 часот во дворниот простор на ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.