Топол јужен ветер и висока температура до 16 Целзиусови степени се забележуваат низ Македонија во текот на денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека оваа состојба денеска се должи на присуството на силен југозападниот ветер кој носи топла воздушна маса и врнежи од дожд.
„Денеска има зголемено присуство на силен југозападен ветер, кој носи топла воздушна маса од запад – југозапад и во западните делови врнежи од дожд. Брзината на ветерот се движи од 70 до 100 километри на час. Веќе од петок очекуваме промена на временската состојба со намалување на температурата и со врнежи од снег на планинските места, но и во некои котлини. Ќе има изрзено северно воздушно струење и врнежи од снег “– вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар од Управата за хидрометеоролошки работи.
Извор: meta.mk