Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 14.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 3.062 странски државјани, од кои 1.212 се од машки пол, 687 се од женски и 1.163 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.931, Авганистан–664 и Ирак-467.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 14.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 27.180 странски државјани, од кои 11.409 се од машки пол, 5.850 се од женски, 9834 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-12.772, Авганистан-9.342 и Ирак-5.063.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-10.841, Авганистан-8.678 и Ирак-4.596.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 14.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 14.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.01.2016 година евидентирани се 17 баратели на азил од кои 14 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и четири малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.