Отслужена литургија во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“

Вчера на празникот Обрезание  на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а потоа беше отслужен и Молебен за благосотојба и благослов од Бога во Новата Година. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа.