Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.119 странски државјани, од кои 919 се од машки пол, 452 се од женски, 738 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.215, Авганистан–476 и Ирак-428.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 15.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 29.299 странски државјани, од кои 12.328 се од машки пол, 6.302 се од женски, 10.572 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 97 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-13.987, Авганистан-9.818 и Ирак-5.491.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 15.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.