На 19ти јануари (вторник), за празникот Богојавление-Водици, ќе се служи свете архиерејска златоустова литургија во црквата „Св.Богородица“-Каменско, со почеток во 8:00 часот.
Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во во 8:00 часот.
Во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.
Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро.