Пораз за МЗТ на гостувањето против Цибона

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром како гости на Цибона во Загреб со 68-62 го доживеја и дванаесеттиот пораз во регионалната АБА лига.

Попладнево на гостувањето во Загреб, МЗТ Скопје Аеродром е поразен од Цибона со 68:62 во рамките на 20 коло од силната АБА лига.

Американецот Флоренс со 18 постигнати поени ја предводеше Цибона до саканата цел победа над МЗТ, кај МЗТ Скопје капитенот Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац постигнаа по 14 поени.