Кандидатурата на Срѓан Керим за Генерален секретар на ООН е официјално прифатена.
Со заедничко писмо од претседателот на 70 заседание со генералното собрание, Могенс Лукетофт и постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во ООН, амбасадорката Саманта Пауер, претседател на Советот за безбедност за месец декември 2015 година, ги известиле сите земји членки на ООН за поднесената кандидатура на Керим.
Во периодот за избор на Генерален секретар на ООН од јануари до јули 2016 година др. Керим ќе оствари средби со постојаните членки Русија, Кина, САД, Велика Британија и Франција и со 10 непостојани членки на Советот за безбедност, како и со голем број други членки на ООН.
Извор: meta.mk