Самка Ибраимовски реизбран за претседател на ПЦЕР

Самка Ибраимовски е реизбран за лидер на Партијата за целосна еманципација на ромите. На денешниот седми конгрес по ред се избраа и потпретседатели на партијата како и претседатели и членови на надзорниот орган и другите совети.

На конгресот на ПЦЕР одржан во Тетово, беше презентирана и предлог програма на партијата.

„Ние како ПЦЕР ќе се залагаме за заштита на ромите од дискриминација, за порамноправен статус на ромите и нивниот социјален статус. Нормално ќе гледаме во иднина да се реши проблемот со ромите кои бараат азил во западноевропските земји“, изјави Самка Ибраимовски претседател на ПЦЕР.

На денешниот конгрес присуствуваше и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и пратеникот на СДСМ од Тетово, Стојко Пауновски.

Извор: meta.mk