Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.2%, а кај аутпутот е
зголемен за 1.7%.
Во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6.
Во делот аутпут, во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.8.