Резултати од спроведени превентивните цели кај матичните лекари и воведување нови двогодишни цели за 2016-2017

Со реализацијата на проектот на Владата за превенција на трите хронични незаразни заболувања – кардиоваскуларни, бубрежни заболувања и дијабетес, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата. Фондот, заедно со Лекарската Комора на Македонија и Здружението на приватни лекари на Македонија, лекарските здруженија и другите чинители на здравствениот систем, во договорите за 2014 година со приватните здравствени установи, воведе три цели како приоритет за превенција, информираат од ФЗОМ.

Периодот во кој се спроведуваа договорените превентивни прегледи кај матичниот лекар беше предвидено да се одвива две години – 2014 и 2015 година, за да има доволно време да можат да бидат опфатени сите осигуреници. За таа цел, во соработка со матичните лекари, се извршија прегледи на осигурениците на возраст од 14 до 65 годишна возраст. Таргетирани беа 1,300.000 осигуреници од кои обработени се податоци за 655.002 осигуреници, што изнесува 52% од вкупната бројка.

Превентивните мерки беа цели за рано и навремено откривање на трите најчести незаразни заболувања, кардиоваскуларните, бубрежните заболувања и дијабетес мелитус, како и секундарна превенција на можните компликации од истите.

Генерално, кажано во бројки, лица со хронични болести кои го посетиле матичниот лекар во 2014/2015 и добиле и совет во врска со здравствената состојба и брошури, од кои 8,6% (111.308 лица) испитани осигуреници се со кардиоваскуларни заболувања, 0,42% 5.534 се со нефролошки заболувања и 6,9% (89.349 лица) имаат дијабетес. Бидејќи оваа бројка не е мала, Фондот реализираше и дополнителен проект, „Фондот се грижи за хроничните болни“, при што тимови од Фондот телефонски ги потсетуваат хроничните пациенти да ги извршат редовните прегледи и контроли и да ги почитуваат советите на лекарите за да се спречи влошување на здравствената состојба.

Статистика за трите најчести незаразни заболувања:

Дијабетес.

Од вкупно 579.813 испитани лица за дијабетес, 2,8% (16.231 лица) се новооткриени

со пред-дијабетична состојба и дијабетес, 0,42% (3.007) се со многу висок ризик, а 1503 осигуреници се очекува да добијат дијабетес. Прекумерна тежина имаат 14,3% (82.852 лица) од испитаните лица, што значи дека истите треба да ја намалат телесната тежина со намалување на внес на храна со високо ниво на храна со незаситени масти и јаглехидрати.

Нефролошки заболувања

Утврден е висок ризик од нефролошки заболувања кај 0,4% (2.600) осигрени лица кај кои се очекува заболување во наредните 10 години, а од нив 1,300 лица ќе завршат на дијализа. Кај 4,39% (28.783) во урината се утврдени протеини, што е еден од знаците за нефролошко заболување.

Кардиоваскуларни заболувања

Од резултатите на превенцијата на кардиоваскуларни заболувања, кај 3,86 (14.753 лица) е откриена неправилна работа на срцето со ЕКГ, додека кај возрасната група од 24 до 65 години, од обработени 381.878 податоци, 35,18% (134.326 лица) со многу висок ризик, а 13,432 се очекува да имаат фатални последици од кардиоваскуларна епизода во наредните 10 години.

Превенцијата на трите хронични незаразни заболувања, кардиоваскуларните, нефролошките заболувања и дијабетесот е многу значајна, поради зачестено појавување на овие заболувања кои се со висок процент на смртност. Фондот во соработка со матичните лекари од 1.1.2016 година, започнува нов двогодишен циклус за реализација на превентивни цели во 2016 и 2017 година.

Матичните лекари и педијатри ќе имаат задача во наредните две години, согласно динамика утврдена од нив, да ги повикаат на преглед сите осигуреници од овие возрасни категории кои се заведени кај нив како матични пациенти преку смс, писмо или телефонско јавување, и да извршат преглед и увид во здравствената состојба на пациентите за да ги утврдат нивните ризици по здравје и да препорачаат превентивни мерки за зачувување на здравјето.