Дарко Паскоски го фати светиот крст во Струга

Големиот христијански празник Богојавление –Водици беше одбележан и во Струга. Најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше 35-годишниот Дарко Паскоски од Струга.

 Oва е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј.