Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на Богојавление – Водици во Кичево

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кичево.

Претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле” и на церемонијата на положување на светиот крст. Дејан Момироски беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици во Кичево, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст.