Заев: ЦО едногласно одлучи, СДСМ на избори на 24 април не учествува

Опозициската СДСМ синоќа одржа Централен одбор на кој едногласно била донесена одлука партијата да не учествува на изборите предвидени на 24 април, но да му се даде уште една шанса на Договорот од Пржино со тоа што техничките министри од СДСМ ќе останат во владата до денот кога Собранието ќе се распушти.

„Социјалдемократскиот сојуз синоќаа имаше плодна дебата и донесе едногласна одлука. СДСМ нема да учествува на изборите на 24-ти април.

Заклучоците коишто ги донесовме на Централниот одбор после дебатата се следните: Фер, регуларнии и демократски избори се императив, а не датумот на изборите. На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна имплементација на договорот од Пржино.

Квалитетна и кредибилна проверка на Избирачкиот список не може да се направи за 40 дена а без кредибилен и веродостоен Избирачки список нема регуларани избори.

Нема фер и демократски избори без соодветна регулација на медиумите и создавање фер медиумски простор за сите политички партии со навремен ефект пред изборите.

За СДСМ неприфатливи се избори без навремено прочистен Избирачки список и без навремена регулација на медиумите.

Затоа, на избори на 24-ти април СДСМ нема да учествува.

Демократска Македонија инсистира договорот од Пржино да се исполни во целост затоа што не постои алтернатива на овој договор.

Едностраната одлука на власта да го распушти Парламентот на 24-ти февруари и да оди на избори на 24-ти април, без претходно исполнети услови за фер, регуларни и демократски избори ја стави СДСМ пред одлука со две опции, да ги напушти државните институции или да даде шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите.

Остануваме посветени, договорот од Пржино да се исполни во целост. Ние нема да бидеме причина за кршење на Договорот од Пржино. До пред распуштањето на Парламентот даваме шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите, за да може да се исполнат условите за фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите.“- рече Заев.

Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Значи тие остануваат во Владата?

Заев: Одлуките се следните месец дена до пред распуштањето на Парламентот оснануваме на се што е предвидено согласно Договорот од Пржино. Тоа значи остануваме во Влада, остануваме во Парламент целосно да не дадеме никаква причина на нашиот политички противник дека ние сме тие коишто го прекршиле Договорот а притоа да остане и потребата од улогата како барање на опозицијата за техничка влада, секако ако тоа не се случи да во овој период се одложат изборите а тоа ќе го знаеме најдоцна до денот на распуштање на Парламентот, веднаш Централниот одбор ќе ги соопшти одлуките коишто и граѓаните очигледно ги очекуваат.

Медиуми: Значи вие до 24-ти фебруари давате рок да преживее Договорот од Пржино?

Заев: Такви се заклучоците до тогаш даваме рок и уште еднаш испраќаме апел да се испочитува Договорот од Пржино во целост. Императив за Македонија се фер регуларни и демократски избори а не датум за избори колку што да се има избори. Мора да се исполни Договорот од Пржино во целост.

Медиуми: Меѓународната заедница да изврши поголем притисок сега со оглед на реакциите што дојдоа различни од различни страни…

Заев: Значи ниту сме имале притисок од меѓунардната заедница до сега ниту очекуваме некој притисок да имаме само ја повикуваме пријателски настроената меѓународна заедница а е цел овој период пријателски настроена кон Македонија да држи до принципите на европските вредности, да држи до добрата иднина на Македонија, како вистински пријатели. Ние во Македонија имаме капацитет Македонија да ја вратиме на нормалниот колосек, да ја вратиме повторно слободата, демократијата, правдата и европските вредности. Европските вредности за нас се идеал за нашиот народ и нашата земја и затоа да не се обидува никој да ја убедува опозицијата да тргне настрана од тие европски вредности и принципи. За нас план Б за Македонија нема. Целосно членство во ЕУ и НАТО се иднината на нашиот народ и нашата земја.

Медиуми: Дали за тоа време што го дадовте ќе има гаранции за да се исполнат тие две точки од договорот од Пржино?

Заев: Не постои можност и затоа сме категорични на 24 Април не учествуваме на избори. Не постои можност да се регулира избирачкиот список онака како што е регулирано со закон и по методологија што е прифатено од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Од СДСМ сеуште не се соопштени ставовите за прифаќање, така да само по таа методологија и по тој закон сите операции којшто треба да доведат до кредибилен и веродостоен избирачки список не можат да се исполнат. Тоа го знае и Груевски и затоа иташе повторно да лови во матно и уште еднаш и приреди нефер, нерегуларни и недемократски избори. Тоа ниту сакаме, ниту можеме, ниту ќе го дозволиме. Ние сме опозицијата во Македонија, ние сме главниот коректив во државата. Ќе опстоиме на вербата со која се повеќе се охрабрени граѓаните во Македонија.

Медиуми: Кое е за вас оптимален датум?

Заев: Оптимален датум за нас за избори е со исполнети обврски од договорот од Пржино. Штом ќе биде прочистен избирачкиот список и штом ќе бидат регулирани медиумите и ќе бидат минимум фер основ за сите политички партии имаат рамноправен простор за фер политички натпревар, веднаш можат да бидат закажани изборите. Напоменувам, изборите можат да бидат закажани од сите политички партии и уште еднаш, државната изборна комисија соопштува кога и како може да биде проверен избирачкиот список. Ние избравме независна државна институција, којашто веќе соопшти преку претседателот кој се претпоставките, да оставиме независните државни органи, фала богу веќе ги има две институции, да ја работат својата работа и тие се тие кои треба да зборуват кога може да биде прочистен избирачкиот список.

Медиуми: Амбасадорот Џес Бејли денес преку соопштение ги повика сите политички партиида учествуваат во изборите? Како го коментирате тоа?

Заев: Му благодарам на амбасадорот Бејли за одличната изјава, комплетно во функција на интересите на РМ. Во процес во којшто е влезена Македонија да се донесе еднострана одлука од власта го нема никаде во ниту еден демократски свет. Пораката е испратена. Само сите партиципиенти во изборите можат да учествуват. Како што гледате тоа не е само СДСМ, денеска огромен број на политички партии испратија порака дека не учествуваат на 24ти Април. Зошто? Сакаат фер шанса, фер шанса за натпревар, фер шанса ако имаат најдобри кандидати и најдобра програма. Тоа во Македонија не беше возможно. Е тоа ќе го овозможиме, сите заедно здружени со граѓаните.

Медиуми: Која е вашата стратегија доколку се распушти Собранието на 24ти февруари?

Заев: Ќе донесе централниот одбор тогаш одлука, ако се распушти Собранието на 24ти. Денес ги соопштивме нашите ставови.

Медиуми: Утре јавното обвинителство ќе расправа околу одговорноста на Катица Јанева заради непотпишување на записниците што добила материјал од вас. Дали тоа не е притисок врз специјалниот јавен обвинител?

Заев: Не ми паѓа на памет да се мешам во светоста на двете драгоцени независни институции, коишто се надевам ќе охрабрат сите институции станат независни во Република Македонија. Секако верувам во капацитет на нешто за кое јас одлучував заедно со сите четири политички партии, заедно во Парламентот и пратениците од нашата политичка партија, има услови за работа СЈО и до тука може да коментирам.