Градоначалникот Бакрачески на меѓународна конференција за бегалската криза

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната конференција за градоначалници посветена на бегалската криза, што вчера и денес се одржува во Виена, Австрија.

На дводневната работна средба најбројни се градоначалниците од земјите погодени од кризата со бегалците, а учествуваат и експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи во земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците засновани на начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на национално и интернационално ниво.

На конференција чиј покровител е „Кахане“ фондацијата од Австрија, учествуваат градоначалници, заменици градоначалници и претставници на локални самоуправи од повеќе европски и азиски земји.