СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Т.(58) од с.Лескоец, Охрид поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Пријавениот на 21.06.2015 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист го довел во заблуда Г.И. од Делчево со лажно прикажување на факти, дека ќе му среди документи за работа во Швајцарија, а за возврат побарал од Г.И да уплати 25.000 денари на трансакциски сметки, оштетувајќи го за истата сума.