СДСМ реагираше на говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени.
„Колку е уплашен Никола Груевски покажува денешно обраќање пред Унијата на жени на неговата партија полно со лаги, примитивизам, недолични зборови, навреди…
„Силување“, „бркање на клоци“, „будала“, тоа е речникот на очајниот Никола Груевски кој се плаши од казната на граѓаните и соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.
Никола Груевски си призна на самиот себе си: не може криминалец и докажан измамник да биде премиер. Затоа Груевски не е премиер и затоа нема да биде никогаш повеќе.
Докажани криминалци и измамници како Никола Груевски завршуваат во други институции.
За тоа колкав е стравот кај Груевски од соочување со одговорноста за криминалот, провизиите и матните зделки за лично богатење на фамилијата покажува денешното негово повторно враќање на измислените „странски служби“.
Знаат граѓаните како завршуваат овие кругови на концентрични лаги на Никола Груевски секогаш кога е фатен жив и кога мора да одговара.
Груевски намерно сее магла околу прочистувањето на Избирачкиот список соочен со ставот на првиот човек на ДИК дека се пробиени роковите за навремено и веродостојно прочистување. Но, ќе се расчисти и оваа магла.
Никола Груевски зборуваше половина час ама ништо не кажа за жените, за нивната положба во Македонија, за нивните права.
За жал уплашениот Никола Груевски денеска повторно ги понижи и ги навреди жените, членките од сопствената партија, третирајќи ги само како бројка што треба да го сокрие неговиот страв.
Со фашистички методи вработените жени од повеќе општини во Македонија беа изложени на притисок да присуствуваат на денешниот партиски настан на Никола Груевски.
Жените во Македонија во изминатите години се соочуваа со континуирана деградација на нивната положба, не се почитуваа нивните човековите права и постојано беа дискриминирани.
Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство. Во последните 7 години 22 жени биле убиени од своите партнери, што покажува катастрофална неефикасност на институциите на системот.
Никола Груевски им украде 10 години живот на жените во Македоија и на сите граѓани во оваа земја.
Никој веќе не му верува на Никола Груевски. Ниту жените, ниту младите, ниту граѓаните.
Никола Груевски не е Македонија, неговото време заврши.
Готово е Никола, збогум.“– се наведува во соопштението.