Средба на директорот на БЈБ Савовски со неговиот словенечки колега Марјан Франк

Денес Директорот на БЈБ м-р Горанче Савовски и Директорот на Словенечката полиција Марјан Франк го посетија словенечкиот конингент на полициски службеници во прифатниот Центар Винојуг во Гевгелија. Освен словенечки полицајци во моментот на границата има и 31 полицаец од Унгарија. Директорите се информираа за соработката помеу македонските и словенечките колеги, тековната состојба на границата и протокот на мигранти.

Помеѓу Директорите се расправаше и за унапредување на соработката во сите сфери на полициското работење како и за одржување на средба помеѓу сите полициски директори на рутата на движење на мигрантите со цел поефективно и поефикасно справување со мигрантската криза.