Утре трибина „Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“ е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на СВР Охрид.

На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златарници и менувачници од градот.

Утрешната средба има превентивен и едукативен карактер, а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби, разбојништва и други казнени дела.