Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод празникот Свети Сава

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Охрид.

„Во името на граѓаните на општина Охрид и во мое име, Ви го честитам Денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, 27 јануари, и Ви посакувам празникот да го поминете во мир,среќа и благосостојба, заедно со семејството и пријателите.

Денот на Свети Сава е еден од најголемите национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде во светот каде живеат Срби.

Припадниците на српската заедница се нераскинлив дел од нашето општество и посветено придонесуваат за соживот и меѓусебно разбирање и развој на Охрид и Република Македонија. . Живеејки во свет кој упатува на почитување на културни и јазични вредности, сакаме да го искажеме нашето задоволство што Вие како етничка заедница давате особен придонес во развојот на мултикултурно и мултиетничко општество, кое е пример и за многу поразвиени демократии во Европа и Светот.

Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодет и напредок. Со уважување на овие универзални пораки и морални вредности, Ви го честитам Вашиот голем национален празник, со надеж дека сите заедно ќе придонесуваме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија“- стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.