Црвен крст Охрид воведува подготовка за полагање на TOEFL

Во рамки на своите едукативни програми Црвен крст Охрид воведува уште една новина, подготовка за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне да се спроведува во месец февруари под водство на Александар Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.