Грчката TASTV ги пренесе „Водици во Охрид“ пред својот аудиториум

Одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, годинава најде посебно место во грчкиот медиум tastv.gr, кој пред својот аудиториум ги презентираше автентичните вредности и го мапира Охрид како дестинација која го негува културниот и религиски туризам.

Од градот – неисцрпниот извор на убавина, здравје и спокој, милионскиот аудиториум на Грција покрај информациите за продлбочувањето на соработката помеѓу Охрид и Воден имаше можност да го проследи осветувањето на водите на Охридското езеро.

Со нескриено задоволство, репортерот на грчката tastv зборуваше за посветеноста и ентузијазмот со кои верниците го одбележаа големиот ден на Православието.

Реткиот спој на традицијата, културата, религијата и модерното , несомнено, претставува предност во делот на промовирањето на туристичкиот потенцијал на Охрид, кој претендира да биде најпосакувана дестинација во регионот.

http://tastv.gr/article/theofaneia-stin-ohrida-2016-video-photos