Mеѓународен симпозиум „100-годишнина од Првата светска војна, фронтот на Чанакале и нивните глобални последици“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе се обрати на свеченото отворање на Mеѓународниот симпозиум „100-годишнина од Првата светска војна, фронтот на Чанакале и нивните глобални последици”.

Меѓународниот симпозиум се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, а во организација на Државниот архив на Република Македонија во соработка со Генералната дирекција на Државните архиви на Република Турција.