Издадени 2.908 потврди на мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.908 странски државјани, од кои 1.111 се од машки пол, 651 се од женски и 1.146 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.556, Авганистан–820 и Ирак-532 .

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 26.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 46.970 странски државјани, од кои 19.558 се од машки пол, 10.137 се од женски и 17.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-23.752, Авганистан-14.586 и Ирак-8.629.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 26.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26.01.2016 година евидентирани се вкупно 21 баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.