Кривична пријава за кичевчанец поради фалсификување службена исправа

ПС Kичево поднесе кривична пријава против Џ.Е. од с. Стрелци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

Во периодот од 12.02.2015 година до 29.07.2015 година пријавениот како управител на ДПТУ „Елес Лаби“ ДООЕЛ – Кичево, за потребите на својата фирма ангажирал лице да врши откуп на секундарни суровини од физички лица, на кои за откуп им исплаќал пари на рака.

Имено, пријавениот изготвил и своерачно потпишал 39 фалсификувани службени исправи (кантарно – исплатени белешки), во кои внел невистинити податоци дека сите количини се откупени од страна на ангажираното лице и неговата сопруга А.Е., по што извршил пренос на парични средства од жиро сметката на ДПТУ „Елес Лаби“ на сметките на ангажираното лице и неговата сопруга, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.504.000 денари.