Кујтим Усеини: Очекувам широка поддршка од сите граѓани без разлика на националност

Синоќа во Охрид во салата на хотелот „Мизо“, беше претставена независната советничка листа на Кујтим Усеини. Пред присутните се обратија повеќе кандидати од независната мултиетничка листа, меќу кои и претставникот на Египќаните Арбен Демироски.

„Оваа преполна сала, во која се присутни Египќани, Албанци, Македонци, Турци, македонски муслимани, уште еднаш укажува на фактот дека Охрид живее во духот на меѓуетничкото разбирање и почитување. Познато ви е дека на овие избори настапуваме со мултиетничка советничка листа на која носител е господинот Кујтим Усеини“. – рече Демироски.

Kujtim2

Како што истакна Демироски, она што ги разликува од останатите советнички листи во градот на овие локални избори е фактот дека оваа советничка листа е независна и е сочинета од кандидати претставници на националностите кои го сочинуваат малцинството во Охрид, која автоматски иницира сплотеност, заедничка работа, разбирање и успех.

„Нашиот тим составен од сите националности од досега сработеното може да се пофали со 80% поддршка на претстојните локални избори. Јас како претставник од тимот на Египќаните досега не сум согледал шанса каква што ми е понудена од страна на оваа советничка листа и носителот господин Кујтим Усеини. 24-ти март е историски ден за сите нас, затоа на овој ден да ја исправиме грешката што сме ја направиле во минатото, да не дозволиме и овој пат да бидеме изманипулирани заради остварување на туѓи интереси и други политички партии. На 24-ти да останеме свои на своето, редно е да го добиеме она што во изминатите години сме го пропуштиле, редно е да го добиеме првиот советник Египќанец“. – додаде Демироски.

Kujtim3

Марија Лачоска како кандидат за советник од независната мултиетничка листа, истакна дека оваа листа е составена од помлад и постар кадар, бидејќи за нешто да функционира се бараат искуство, идеи и размислувања.

„Ние сме едни од единствените, односно единствени во Македонија кои поднесоа независна мултиетничка советничка листа. Ние младите сме подготвени со нашето знаење што го имаме стекнато досега, да станеме самостојни, да се бориме да се реализираат нашите идеи, но некој треба да не поддржи и да не бодри за да одиме понатаму, за да успееме. Со искуството на постарите кандидати за советници и со идеите на помладите кандидати можеме многу, но сепак тоа не е доволно. Можеме да постигнеме многу повеќе со вашата поддршка, драги граѓани на Охрид. Некои работи во нашиот убав град Охрид немаше да бидат вакви какви што се, какви што ги гледате сега доколку Кујтим Усеини не покренеше иницијатива во Локалната самоуправа и доколку не го дадеше својот глас“. – истакна Лачоска.

Како што рече таа, граѓаните на Охрид се први. Според нивната иницијатива може секогаш да се даде предлог во Советот на Општина Охрид, а за тие барања ќе се трудат советот тоа да го изгласа. Како советници ветија дека ќе одат во полза на граѓаните на Охрид и за доброто на Охрид.

Kujtim4

Пред присутните граѓани од сите националности, на крајот им се обрати и носителот на листата, Кујтим Усеини.

„Поздрав до сите сограѓани и мило ми е што ве гледам во толкав број. Верувам дека ќе ми ја дадете довербата, затоа што мојата советничка листа е онаа која заслужува за овие 4 години. Сум сработил и сум оставил белег и за идните генерации, сум оставил белег во секој дел од градот, со моите одлуки, со моите дела, но посебно во делот кај што имам некои инвестиции, а тоа е од пазарот, па до излезот на Охрид кон Струга. Очекувам широка поддршка од сите граѓани без разлика на националност“. – истакна Усеини.

Kujtim5Kujtim6

WebOhrid